Јапонија

ПЛАН И ПРОГРАМА ЗА ПАТУВАЊЕ

ДЕН 1

СКОПЈЕ – БЕЛГРАД – ДОХА

Дојде време да тргнеме на ова долго исчекувано патување. До аеродромот во Белград можете да патувате со сопствен превоз, но постои и опција со доплата да организираме трансфер до Белград.

Состанок на аеродром „Никола Тесла“ во одднапред договорено време. Лет до Доха. По слетувањето во Доха, Ја чекаме нашата конекција за Јапонија.

Rainbow Bridge (Tokyo)

ДЕН 2

ДОХА – ТОКИО

Се упатуваме кон Јапонија, земјата на шинтоизмот и будизмот, гејшите и небесните храмови. Продолжуваме со летот за Токио во утринските часови. Во вечерните часови слетуваме во Токио, кој е еден од најголемите градови и престолнина на Јапан. Има околу 14 милиони жители и се вбројува во светски економски центар. Се наоѓа на самата обала на Пацификот, на уливот на реката Едо во океан. До крајот на XVI век на ова место се наоѓало рибарско селце Едо, а воениот владетел на Јапан шогун Лејасу Токугава одлучил да го изгради во град – седиште на шогуните. Веќе од 1603г. е изградена шогуновата палата, многу храмови и светилишта и постанал еден од најдинамичните градови во свое време. Трансфер со метро до сместувањето и слободно време. Ноќевање.

ДЕН 3

ТОКИО

Ден резервиран за разгледување на јапонската престолнина. Нашата прва станица ќе биде областа Чијода и Царската палата, која е главната резиденција на јапонскиот император. Забрането е посета на внатрешноста на палатата, но посетителите можат да уживаат во убавината на надворешниот дел. Иако не може да се влезе, палатата сепак е посетена од голем број туристи. Градините, кои секогаш се бесплатни за посета, се прекрасно уредени, од каде низ прозорецот можете да ѕирнете во величествените простории на палатата. Целата област се наоѓа во самиот центар на градот и е парковска област, опкружена со водни езера. Самата палата била изградена на местото на стариот замок Едо на семејството Токугава, кое владеело со Јапонија во 17 и 18 век. Влегуваме во метро и одиме до Ашакуша, стариот дел на градот полн со храмови. Одиме до храмот Сенсоџи, фрламе неколку парички во кутијата пред храмот и во неговиот двор вдишуваме воздух од стапчиња за темјан, бидејќи според јапонското верување овој обичај им помага на луѓето да размислуваат и да работат подобро. Патот понатаму не води до Накамисе-дори, една од најстарите трговски улици во Јапонија која датира од 17 век. Повеќето продавници во оваа област веќе неколку генерации ги водат исти семејства, нудејќи сувенири, извонредна улична храна и неодоливи закуски.

Следната станица е храмот Меиџи, кој е шинтоистички храм посветен на императорот Меиџи и неговата сопруга, царицата Шокен. Изграден е во нивна чест, како спомен на нивните души. Денес е едно од најважните религиозни места во Јапонија. Светилиштето е опкружено со шума од 120 илјади дрвја, а најретките видови растат во Јапонија. Најинтересно за посетителите е таканареченото дрво на желби, каде што можете да ги напишете вашите најдлабоки желби на парче хартија и да ги закачите на дрвото. За фасцинантна панорама на градот, одиме до зградата на митрополитот во Токио, а навечер ја посетуваме Шибуја, најпопуларното место за излегување со пабови, традиционални ресторани, диско клубови и караоке барови. Покрај тоа што е центар на ноќниот живот, Шибуја се издвојува по тоа што ја има најфреквентната раскрсница во светот, бидејќи за време на сообраќаен метеж над 2.000 луѓе ја минуваат улицата во исто време. Со 13 линии на подземната железница и 5 линии за воз, Токио е познат како град со најмногу сообраќаен метеж, а тоа го поткрепува и фактот што познатата метро станица Шинџуку има 36 перони, со над 200 влезови и излези. Токму затоа на многу железнички и метро станици работат Ошија или буквално „туркачи“ кои се задолжени да турнат што повеќе луѓе во возовите за да може да се затворат вратите. Ноќевање.

ДЕН 4-5

ТОКИО

Слободно време за индивидуални активности во Токио или факултативно патување до Камакура , познат и како град музеј. Во градот има 19 шинтоистички храмови и 65 будистички храмови, од кои два зен храма се најстари во Јапонија. Ќе го видиме светилиштето Хаќиман, како и главната знаменитост на градот – огромна статуа на Буда на отворено. Градот се наоѓа во близина на Токио, па затоа е едно од популарните излетнички места за неговите жители. Попладне враќање во Токио и слободно време. Ноќевање.

ДЕН 6

ТОКИО – ОСАКА

Се одјавуваме од хотел и тргнуваме за Осака. Трет по величина град во Јапонија. Осака има преку илјада години долга историја, а денеска е економски, индустриски, трговски и сообраќаен центар на Јапонија. Ќе го видиме замокот Осака покрај кој се наоѓаат и неколку многу добри музеји. Обиколка на делот од градот познат по многубројните ресторани со домашна кујна. Слободно време. Ноќевање.

ДЕН 7-8

ОСАКА (2 ноќевања)

Овој ден е резервиран за индивидуални активности во Осака или факултативен излет до Наре, првата јапонска стална резиденција оснивана во 710г. Тогаш се викала Хеиџокјо ( Тврдина на мирот),а прочуена е по тоа што во неа будизмот за прв пат почнал да се преповеда, од тука се проширил во целата земја. Посета на храмот Тодаиџи, Паркот Нара односно паркот на елените, светилиште шино Касуга, а тука е и храмот Кофукуџи и многу други знаменитости. Во вечерните часови враќање во Осака. Следниот ден е резервиран за факултативниот излет во Кјото. Град престолнина на јапонската култура и нај долговечниот главен град на Јапонија, бидејќи царот своето седиште го префрла во Токио дури после 1000г. Пре полн е со древни палати, велеченствени градини и различни музеји. Во Кјото цели улици во исто време се и музеји, секоја зграда е примерок на старата Јапонска архитектура. После сместувањето во хотел обиколка на храмот Киџомизу, Златниот павиљон Кинкакуџи, имресивна градба сместена над големиот рибник на кој два спрата се покриени со златни листови. Патот го продолжуваме до еден од нај добро сочуваните јапонски замоци, замокот Ниџо и нај познатиот кварт Гион кој е во суштина улица на Гејшите. Прошетка низ оваа улица која е опкружена со многубројни чајџилници, ексклузивни ресторани и традиционални дрвени куќи каде и ден дененеска живаеат гејши. Зборот гејша во буквален превод значи уметник, а тоа се посебно образовани и обучени жени кој во средниот век во Јапонскиоте ресторани ги забавувале гостите со песна, игра и свирење. Слободно време. Враќање во Осака. Ноќевање.

ДЕН 9-10

ОСАКА (2 ноќи)

Деветиот ден престој во Јапонија факлутативна посета на Хирошима, град кое име, веројатно сите во светот го знаат. Посаета на меморјалниот парк и музеј на мирот кој се посветени на настраданите жители во Хирошима во втората светска војна.Посета на малиот остров Мијаџима каде се наоѓа грандиозна, црвена врата во вода Тори. Во вечерните часови враѓање во Осака. Утредента е ден наменет за слободно истражување на Осака.Ноќевање.

ДЕН 11-12

ОСАКА – БЕЛГРАД – (СКОПЈЕ)

Следниот ден слободно врме до поаѓање на аеродром, го користиме за уживање во убавините на Осака. Купуваме сувенири и поклони, јадење на суши и тонкачу и да пиеме саке, јапонски традиционален пијалок од ориз. Попладневен трансфер со метро до аеродром. Лет за Белград со преседнување. Пристигнување во Белград во касните утрински часови. Крај на програмата.
Сопствен превоз до Скопје или можност за организиран трансфер (опција со доплата).

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Авионска карта на релација Белград – Токио ; Осака– Белград со сите такси
  • Сместување на база 4 ноќевање со појадок во хотел со 3* во Токио (1/2 соби)
  • Сместување на база 5 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Осака (1/2 соби)
  • Само за поаѓање на 21.05. : 6 ноќевања со појадок во Осака, 3 ноќевања со појадок во Токио
  • Сите трансфери на релација аеродром – хотел – аеродром
  • Вклучени 6 разгледи во Токио (влезници не се вклучени во цената)
  • Организација на патувањето
  • Представник од агенцијата (водич) за цело врметраење на патувањето

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:

  • Виза (за државјани на Македонија не е потребна виза)
  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се земе во агенцијата)
  • Доплата за еднокреветна соба (на барање)
  • Доплата за пакет/програма на факултативни излети – 570 еур по лице
  • Сите влезници во храмови, музеи и национални паркови кои не се вклучени во програмата за факултативни екскурзии
  • Индивидуални трошоци
  • Трансфер од Македонија до аеродромот во Белград и обратно – трансферот може да се организира со доплата

Начин на плаќање:

  • При пријавување 30% од износот , остатокот до 25дена пред патување
  • Се врши во денарска против вредост 1€-62мкд

Напомени:

  • Рокот за пријавување е 15 дена пред почетокот на патувањето
  • Програмата се базира на минимум 10 патници
  • По купувањето на авионски билети, парите уплатени за нив не може да се вратат, а во тој случај важат условите на авиокомпанијата.
  • За повеќето дестинации, пасошот треба да важи најмалку 6 месеци по завршувањето на патувањето
  • Поради најновите случувања и промените на цените на горивата на светскиот пазар, крајната количина на авионски такси е предмет на промена.
  • Патниците се должни да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат.

СМЕСТУВАЊЕ

ТОКИО

Хотелот од категорија 3* се наоѓа во близина на метро станицата и има лесен пристап до сите главни атракции. Поседува ресторан. Собите се двокреветни, помали квадратури, со ТВ, телефон, бесплатен Wi-Fi интернет.

ОСАКА

Хотел со категорија 3* лоциран во близина на ЈР Осака станица за воз и има лесна достапност до сите главни атракции. Поседува ресторан. Собите се двокреветни, мала квадратура, со ТВ, телефон, клима и бесплатен интернет.

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ

Кјото

Кјото, поранешниот главен град на Јапонија, е еден од најпознатите културни центри во земјата, кој се истакнува по своето историско значење и зачуваната традиција. Овој град изобилува со над 2.000 храмови, светилишта и зен градини, кои претставуваат извонредна разновидност на духовни места што го одразуваат богатото религиозно наследство на Јапонија. Некои од најпознатите храмови ги вклучуваат Златниот павилјон (Кинкаку-џи), Кијомизу и Фушими Инари-таиша со познатите црвени тории порти. Покрај религиозните знаменитости, Кјото е познат и по традиционалните гејши, уметностите и занаетите, како што се церемонијата на чај и уметноста на уредување цвеќиња, и рафинираните јапонски чајџилници. Градот исто така го слави своето богато културно наследство преку различни фестивали во текот на годината, од кои најпознат е фестивалот Гион кој се одржува во лето. Шетајќи низ улиците на овој град, можеме да видиме прекрасни редови на црешови дрвја кои се особено спектакуларни за време на пролетното цветање, што го прави Кјото магично место кое зрачи со духовност и историски раскош.

Цена на излет: ВКЛУЧЕН ВО ПАКЕТ ПРОГРАМА

Цената на екскурзијата вклучува:

Повратен трансфер
Билети
Метро картичка
Придружување на претставникот на агенцијата за време на патувањето

НАРА

На само еден час од Кјото, во долината Јамато се наоѓа Нара, полна со историски архитектонски богатства, вклучувајќи палати и храмови кои се сметаат за најстари дрвени градби во светот. Одејќи по долги и прави улици кои се вкрстуваат под прав агол, стигнуваме до паркот Нара, кој има голем број на стари споменици. Главна атракција е срната која слободно шета низ паркот и им приоѓа на туристите. Ќе ги нахраниме со крекери додека поминуваме низ прекрасни предели опкружени со црвени јаворови, до храмот Тодаиџи, најважното обележје на Нара. Изградена во далечната 752 година, во неа се наоѓа една од најголемите статуи на Буда во светот изработена од бронза. Ќе одиме и во храмот Касуга шинтоизам, опкружен со 3000 камени и бронзени лампиони. Во негова близина се наоѓа ботаничка градина со над 250 видови растенија, а најголемиот дел од градината е посветен на познатите јапонски цвеќиња на вистерија. Враќање во Кјото во попладневните часови.

Цена на излет: ВКЛУЧЕН ВО ПАКЕТ ПРОГРАМА

Цената на екскурзијата вклучува:

Повратен трансфер
Билети
Метро картичка
Придружување на претставникот на агенцијата за време на патувањето

Нико

На оваа факултативна обиколка на Нико ќе наидеме на бројни културно-историски содржини и природни убавини на овој дел од Јапонија. Нико стана познат по изградбата на гробницата на Шогун Иејасу Токугава, која е една од најубавите гробници во светот, составена од неколку храмови, пагоди, светилишта и градини. Тука е и мавзолејот Тошогу, кој е под културна заштита на УНЕСКО, а е специфичен по тоа што содржи и шинтоистички и будистички елементи. Ќе го видиме и „тајниот мост“ на реката Даија, наречен мост Шинкио , кој е еден од трите најдобри мостови во Јапонија. Ќе се восхитуваме на храмовите украсени со сребро и злато, полни со релјефи и скулптури. Најпозната е композицијата од три мајмуни, од кои едниот ги покрива очите со шепата, другиот ушите, третиот устата – „Ми зару, кика зару, ива зару“ (што гледам не го гледам, што слушам не слушам, што кажав не го кажав, така се вика скулптурата на јапонски). Ќе шетаме по храмовите, уживајќи во бајковитските шуми и патеки кои овозможуваат вистинска релаксација во природа. Враќање во Токио во вечерните часови.

Цена на излет: ВКЛУЧЕН ВО ПАКЕТ ПРОГРАМА

Цената на екскурзијата вклучува:

Повратен трансфер
Билети
Придружување на претставникот на агенцијата за време на патувањето

Камакура

Наутро го напуштаме сместувањето и одиме во Камакура, најстариот град во Јапонија, кој се наоѓа во непосредна близина на Токио. Покрај бројните шинтоистички светилишта и будистички храмови, градот е преполн со стари дрвени куќи, па за разлика од другите места, ќе имате чувство дека сте во периодот од пред 800 години. Ќе одиме по ридски ридови покриени со густа вегетација веднаш до брегот на океанот, опкружени со најубавите светло црвени лисја на јапонскиот јавор. Има многу продавници со автентични јапонски предмети, облека, оружје и ресторани изградени во традиционален стил со храна која се јадела во средниот век, но сè уште е популарна во Јапонија. Љубопитните ќе можат да возат и рикша, популарна кочија на човечко погон. Ќе го посетиме главниот белег на градот, статуата на Буда на отворено наречена Даибуцу (Голем Буда). Излеано од бронза, висок е 13,5 метри и седи таму со векови, преживеал пожари, земјотреси, цунами и тајфуни. Враќање во Токио во попладневните часови.

Цена на излет: ВКЛУЧЕН ВО ПАКЕТ ПРОГРАМА

Цената на екскурзијата вклучува:

Повратен трансфер
Билети
Придружување на претставникот на агенцијата за време на патувањето

ХИРОШИМА

Сместена во западниот дел на Јапонија на островот Хоншу 300км. од Кјото. Хирошима е позната во светот по атомската бомба која е на неа фрлена во текот на втората светска војна. Во таа прилика погинале над 100 илјади луѓе, градот е во потполност сравнет со земја, а радијацијата продолжила да одзема животи и ден денеска. Единствена градба која е делумно сочувана е „ДОМ“ зграда во центарот на округла купола во кој бил центарот за промоција на индустријата. Во текот на овој еднодневен излет ќе го посетиме паркот на мирот, посветен на жртвите од атомската експлозија, како и меморијалниот музеј. Сите згради во градот се изградени после 1945г., вклучувајќи го и средновековниот замок кој е во потполност реконструиран. Ќе одиме до островот Мијаџиме познат по вратата во вода . Во историјата островот се сметал за светилиште и во него обичните жители не им било дозволено да стапнат на негово тло. Како на свештениците би им бил пристапот овозможен, храмот е изграден како пристаниште над вода, имате чуство дека е оделен од островот бидејќи е на самата површина. Ќе имаме прилика да ја видиме црвената влезна врата односно Тори која е изградена над вода. Ќе уживаме во незаборавниот вкус на свежи морски плодови, острига и шкампи. Во вечерните часови враќање во Кјото. 

Цена на излет: ВКЛУЧЕН ВО ПАКЕТ ПРОГРАМА

Цената на екскурзијата вклучува:

Повратен трансфер
Билети
Придружување на претставникот на агенцијата за време на патувањето