ТЕНЕРИФЕ – Лето 2024

* * * ПОСЕТА НА ЛОРО ПАРКОТ Е ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНАТА***

ПЛАН И ПРОГРАМА ЗА ПАТУВАЊЕ

ДЕН 1

СКОПЈЕ* – БЕЛГРАД – ТЕНЕРИФЕ 

Состанок на аеродромот “Никола Тесла„ во договорено време. Во утринските часови се качуваме на лет за Тенерифе. Летот е од Белград со прекачување. Во попладневните часови пристигнуваме на Тенерифе. Трансфер до сместувањето во Пуерто Де Ла Круз. Запознавање со околината. Ноќевање.

*Можност за организиран трансфер од Скопје или од друг град во Македонија со доплата – побарајте понуда од агентот при резервација

ДЕН 2 – 4

ПУЕРТО ДЕ ЛА КРУЗ (3 ноќевања)

Во следните денови ги поминуваме во истражување најубавиот град и главното туристичко место на островот – Пуерто Де Ла Круз. Ќе имаме прилика да се дружиме со лпкалното население, пробување на локална храна и вино, шетање по градските улици и уживање во мешавината на модерната и колониалната архитектура, и секако да се капиме на бескрајно необичните плажи од црн вулкански песок кој го опкружуваат градот. Организирана посета на зоолошкиот парк – Лоро Парк каде се наоѓа најголемиот аквариум со делфини и пингвини во светот, голем број на знаменитости и атракции од зоолошкиот свет. Исто така градот е богат со разновидни содржини па ќе има прилика за индивидуални посети и кбалитетно поминато време.

Во следните денови ги поминуваме во истражување најубавиот град и главното туристичко место на островот – Пуерто Де Ла Круз. Ќе имаме прилика да се дружиме со лпкалното население, пробување на локална храна и вино, шетање по градските улици и уживање во мешавината на модерната и колониалната архитектура, и секако да се капиме на бескрајно необичните плажи од црн вулкански песок кој го опкружуваат градот. Организирана посета на зоолошкиот парк – Лоро Парк каде се наоѓа најголемиот аквариум со делфини и пингвини во светот, голем број на знаменитости и атракции од зоолошкиот свет. Исто така градот е богат со разновидни содржини па ќе има прилика за индивидуални посети и кбалитетно поминато време.

ДЕН 5

PUERTO DE LA CRUZ – COSTA ADEJE (1ноќевањe)

После три дена го напуштаме преубавиот Пуерто Де Ла Круз и се селиме на рајската плажа на југот од островот. Трансфер до Коста Адеја во предпладневните часови и пристигнување во смештајот кој се наоѓа на дофат на една од најубавите плажи на островот. Запознавање со околината.

ДЕН 6 – 11 COSTA ADEJE (6ноќевања)

Овдека нема да ни биде друго ништо потребно освен добро расположение и желба за уживање. Југот на Тенерифе е познат по добрата забава, добрите плажи и преубавата природа, а баш ова градче е местото кое нај убаво ги комбинира сите наведени содржини. Во непосредна близина се наоѓаат низа од атракции и знаменитости – прочуената Плаја де лас Америкас, улицата на ноќниот живот Вероникас, многубројните паркови, како и прочуените голф игралишта.

Понатаму, за време на престојот, низ факлултативни излети ќе ги посетиме најубавите делови на југот од островот – фабриката за бисери, старото село Маска како и прочуениот вулкан Таиде. Ќе имаме прилика да купиме најразновидни бисери од сите страни на светот, како и препознатливите бисери од локалното производство. Запознавање со националниот парк Теиде, вулкански локалитет кој од страна на УНЕСКО е заштитен. Посета на селото Маска, познато по своите пејсажи кој го опкружуваат. Од ден на ден ќе ги откриваме убавините на овој остров. Ќе имаме прилика да го посетиме и соседниот остров Ла Гомера одкаде Колумбо тргна кон Новиот свет.

ДЕН 12

ТЕНЕРИФЕ – БЕЛГРАД – СКОПЈЕ*

Поаѓање на аеродром во предпладневните часови и лет до Белград со преседнување. Се збогуваме со необичната Шпанија и ги собираме впечатоците. Пристигнување во Белград во попладневните часови. Крај на програмата.

*Можност за организиран трансфер до Скопје или до друг град во Македонија со доплата – побарајте понуда од агентот при резервација

ЦЕНИ И УСЛОВИ

Цена на патувањето по лице: 1599 € Регуларна цена – за пријави до 30 дена пред почетокот на патувањето или до пополнување на групата

Во цената на аранжманот е вклучено :

  • Авионска карта на релација Белград – Тенерифе – Белград со сите такси
  • Сместување на база 4 ноќевања со појадок во апартмани во Пуерто де ла Круз во (1/2 соби)
  • Сместување на база 7 ноќевања со појадок во апартмани во Коста Адеја ( 1/2 соби)
  • Сите трансфери на Тенерифе према програмата на патување
  • Посета на едно од најатрактивните зоо паркови на светот – Лоро Парк
  • Организација на патувањето
  • Представник од агенцијата (водич) за цело врметраење на патувањето

Во цената на арамѓманот не е вклучено:

  • Патничко здраствено осигурување (индивидуално)
  • Доплата за еднокреветна соба (на барање)
  • Трокреветна соба (на барање)
  • Факултативните излети и сите влезници за културно – историските споменици
  • Индивидуални трошоци за време на патувањето
  • PCR тест доколку е потребен како услов за влез во крајната дестинација или транзитна дестинација
  • Доплата за хотели со 4* на база ноќевање со појадок во текот на целиот престој

Начин на плаќање

  • При пријавување 30% од износот , остатокот до 25дена пред патување
  • Се врши во денарска против вредост 1€-62мкд

Напомени :

  • Последен рок за пријавување е 30дена од патувањето
  • Програмата е работена на база на 10 патници
  • После купувањето на авионските карти , парите уплатени за истото неможат да се рефундират во овој случај важат условите на авиокомпанијата.
  • Во склад со новите збиднувања и промени на цената на горивата на светскиот пазар конечниот износ на авионските такси е подлежѓен на промена.
  • Патниците се обавезни да сами се запознаат со визниот режим во државата во која што патуваат.
  • Во голем дел од дестинациите пасошот да важи најмалце 6месеци по денот на завршување на патувањето.

СМЕСТУВАЊЕ

ПУЕРТО ДЕ ЛА КРУЗ

Сместувањето се наоѓа на неколку минути одење до плажа. Сите соби апартмански тип, со салон, опремена чајна кујна и балкон. Во кругот на сместувањето се наоѓа базен, а на сите гости е достапен бесплатен интернет. Собите се двокреветни и трокреветни, имаат фриждер, опремена кујна, тоалетен прибор, вентилатор. Исто така, објектот поседува ресторан каде се служи појадок, а во понуда се интернационални и локални јадења. појадок.

COSTA ADEJE
Сместувањето се наоѓа на дест минути одење од плажа. Сите соби се апартмански тип, со салон, кујна и балкон. Во кругот на самоиот смештај се наоѓа базен, а на сите гости им е достапен бесплатен интернет. Собите се двокреветни и трокреветни, имаат фриждер, опремена кујна, тоалетен прибор,вентилатор. Истотака објектот има и ресторан каде што се служи појадок.

ХОТЕЛ 4*, PUERTO DE LA CRUZ

Хотелот се наоѓа преку пат од плажа и околу десет минути од самиот центар на градот. Поседува два отворени базени, велнес дел, сауна и теретана. Собите се пространи, убаво опремени и секоја поседува клима уред, балкон, сателитска ТВ и фриждер. Појадокот се служи во хотелскиот ресторан, а во понуда е и a la carte мени.

ХОТЕЛ 4*, COSTA ADEJA

Хотелот е добро поцисиониран со директен излез на истоимената плажа, една од најпознатите во цела јужна регија. Поседува голем отворен базен, велнес центар, сауна и кровна тераса со два базени. Собите се удобно опремени, имаат тераса и сите се климатизирани. Во понуда се двокреветни и трокреветни соби. Покрај ресторанот каде што се служи појадок, хотелот поседува бар покрај базенот и каде се организираат тематски вечери и музика. На сите гости им е на располагање бесплатен интернет.

ФАКУЛТАТИВИ

ЛА ГОМЕРА – цена 120€  

Островот Ла Гомера, наречено уште и магично острово, било последна станица на Кристофер Колумбо пред откривањето на новиот свет. До него се стигнува со траект (возењето трае 45мин) Во текот на излетот се посетуваат најатрактивните локации како престолнината Сан Себастијан де ла Гомера, врвот Гарајонај, шумата ловорика и секако ботаничката градина (самото острово уште се нарекува ботаничка градина на море) каде можат да се видат плантажи на авокадо, папаја, манго и банани. Многу бројни видиковци ќе ви пружат неверојатен поглед на необичен пејсаж на островот. Во текот на паузата за ручек ќе имаме и демонстрација Силбо – Гомеро на стар доморотски јазик познат како јазик низ свиркање.  Во цената е вклучено: повратен трансфер, возење со траект, влезница, ручек и присуство на стручен водич во текот на излетот.

СЕЛО МАСКА И ТЕИДЕ НАЦИОНАЛЕН ПАРК – цена 90€

Обиколка на националниот парк Теиде, преубав вулкански крај  на најпознатиот вулкан во Шпанија које е заштитен од страна на УНЕСКО. Го продолжуваме нашиот излет со посета на шармантното село Масака, познато по своите пејсажи кој што го опкружуваат. После паузата за ручек, продолжуваме кон југ. Ќе имаме прилика да ги посетиме прочуените продавници на бисери кој представуваат вистинска прилика каде што можат да се видат и купат најразлични бисери од сите страни на светот, како и препознатливите бисери од локално произвотство.Во цената е вклучено: трансфер, влезница, ручек и водич.

ТУРА НА СЕВЕРНИОТ ДЕЛ ОД ОСТРОВОТ – цена 90€

Во текот на обиколката на Тенерифе ќе имаме прилика да посетиме некој од позначајните места и локалитети на северниот дел на островот. Ќе го посетиме универзитетското место Ла Лагуна, пазар, стариот плоштад, црквата Св. Христо, плоштадот Плаза дел Аделатандо. Излетот го продолжуваме низ планитата Мерцедес, патот Баладеро поминувајќи ја Лореловата шума се до најубавата островска плажа – Плаја де Лас Тереситас. Нај фотографираната плажа на островот, ќе ве остави без здив. Песокот на оваа плажа е донесен од сахара и затоа има единствена златна боја. Излетот го завршуваме со посета на главниот град на Тенерифе – Санта Круз. Обиколка на најубавите квартови и се дивиме на локалната архитектура. Во текот на излетот ќе биде организирана пауза за ручек. Во цената е вклучено: повратен трансфер, влезница, ручек и водич.